Search This Blog

Tuesday, August 24, 2010

Живеам во студентски

Влага во собите, искршени прозорци, соби без врати, стари шкафови и кревети, проблеми со греењето, неквалитетна и невкусна храна, уништени вециња...
Сите оние на кои приоритет им е студирањето, а воедно немаат факултет во родниот град, мораат своето образование да го продолжат надвор во друг град.
Имајќи го предвид фактот дека поголемиот број од студентите не се во можност да живеат во станови, поради поголемите трошоци, решението го наоѓаат во сместување во некој од студентските домови. Но животот што се нуди во нив и не е толку удобен, колку што би требало да е (барем до одреден степен).
Секако дека има и убави и позитивни работи кога станува збор за студентските домови. Пред сè тоа е дружбата и блискоста меѓу студентите. Секојдневното снаоѓање, решавањето на проблемите, прославувањето на успесите доведуваат до таа блискост. Па по студирањето, освен дипломата имаме и вистински пријатели за цел живот. Меѓутоа, позитивните работи паѓаат во сенка од проблемите што ги имаме во студентските домови.
Проблемите во врска со условите на живеење во домовите се: квалитетот на сместување, исхраната, хигиената како и други недостатоци чиј број не е мал. Со сигурност може да се каже дека условите во студентските домови се катастрофални. Почнувајќи од влага во собите, искршени прозорци, соби без врати, стари шкафови и кревети, проблеми со греењето, неквалитетна и невкусна храна, уништени вециња... Собите не се доволно заштитени и дератизирани, па можно е да сретнете разни инсекти, глувци, па дури и гуштери, што не е нормално за место кое студентот го смета за втор дом и каде што го поминува најголемиот дел од времето.
Вакви се условите вo кои најголем број од студентите ја поминуваат академската година и мораат да се носат со тоа бидејќи тоа е единственото што се нуди. Никој не води сметка за тоа како им е на студентите сместени во самите домови. Студентскиот сојуз како да не постои и како да не е создаден за студентите, не реагира на поплаките за кои е формиран.
Можеби ваквите текстови ќе ги освестат луѓетo чија работа е да се занимаваат со овој проблем на студентите, па во иднина другите генерации нема да знаат низ што сè требало да поминат за да добијат титула ,,академски граѓани“.

Авторот на овој текст е студент Ром, живее во студентски дом и сака да остане анонимен.

No comments:

Post a Comment

Овде можете да го дадете своето мислење за нашиот блог. Ви благодариме.