Search This Blog

Tuesday, August 24, 2010

МЛАДИНСКА РЕВОЛУЦИЈА

Развојот на политичкото вклучување на Ромите
ОД ЧЛЕНОВИ НА МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ ВО СФРЈ
ДО МИНИСТРИ ВО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

За време на СФРЈ
По 1971 година во Уставот на Сојузна Федеративна Република Југославија (СФРЈ) ромската нација станува конститутивен елемент запишан во преамбулата на највисокиот акт како етничка група која ги ужива сите права, како и сите народи и народности кои живеат во неа. Во овој период на ромската заедница ѝ било загарантирано уставното право на образование, вработување, научните истражувања и вклучување во интегралниот политички живот. Но и во тогашниот политички интегрален процес ромскиот народ секогаш бил на маргините на општеството и никогаш немал можност да биде дел од поголемите институционални органи и да има претставник кој ќе ги застапува интересите на оваа етничка група. Ромите можеа да се задоволат на својот политички живот или ангажман само во најниските тела и органи на државите и тоа во тогашните месни заедници и одбори во општините. Преку овие органи, со тогашните „претставници“ на Ромите се правеа напори за подобрување на условите за живеење и за задоволување на секојдневните потреби што ги наметнува времето.
Ромската заедница во независна Македонија
По распадот на СФРЈ и со појавата на плурализмот во 1990 година, Ромите активно се вклучуваат во политичкиот живот на Република Македонија, формирајќи неколку политички партии кои направија национална платформа наметнувајќи ги сите проблеми што го засегаа ромскиот народ, започнувајќи од развојот на малото стопанство, до интегрирање во системот на институционалноста, вклучувајќи го напредокот во образованието и вработувањето.
Во првата изборна година ромската заедница добива свој претставник во Собранието на Република Македонија кој директно ќе ги застапува и ќе ги изложува проблемите на Ромите. Поради развојот на политичкото движење на Ромите и лобито од лидерите при процесот на донесување на Законот за територијална поделба, во 1996 година се формира општината Шуто Оризари во која бројноста на постојаното население во неа покажува најголема застапеност на ромската популација. На тогашните локални избори за првпат е избран градоначалник од ромска припадност, како и претседател на Советот на Општината со 17 советници од кои 15 се припадници на ромската заедница.
Политичкиот ангажман на ромската заедница имаше развој со брза динамика, а со тоа ромската заедница, непосредно преку слободни избори, добива свои претставници во законодавната и извршната власт.
Министер без ресор, заменик-министер за правда, пратеник во Собранието на Република Македонија и директори на потсекторите во министерствата се највисоките функции што ги извршуваат претставници од ромската заедница.
Образованието услов за напредок
Постои интенција за поинтезивно забрзување на процесот на образование, како и за интезивирање на процесот на еманципација и интеграција на севкупното ромско население во општеството.
Се вложуваат напори да се зголеми вклученоста на ромската популација во високото образование, да се зголеми бројот на студентите Роми на кои, иако за кратко време, им се даваат стипендии и академска поддршка на студентите. Во ревидираниот акционен план за образование од Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 година, моментната бројка на студенти Роми изнесува 300, со интенција таа бројка во наредниот период да порасне. Овие факти за развојот на ромската заедница во Македонија даваат јасен показател за сериозноста во желбата за интегрирање на Ромите кои имаат визија за подобра иднина.

Едис ХАСАН,
студент на политички студии, Правен факултет

No comments:

Post a Comment

Овде можете да го дадете своето мислење за нашиот блог. Ви благодариме.