Ромаверзитас да им помогне на студентите да го научат својот мајчин јазик и еден ден да речат: „ME SIKLULUM TE KERAV ROMANE LAFI“, вели Сунај Исмаил студент на Правниот факултет
Јазикот претставува средство за комуникација помеѓу луѓето за што сметам дека сите знаете, но, исто така, би требало да знаете дека ако отидете во Франција и ако зборувате англиски и по малку германски, сигурно би ви кажале:
- „Извинете ова е Франција и се зборува на француски јазик.“
Немојте да се навредите ако поради вашето незнаење предизвикувате револт кај нив, а со тоа и директно ја омаловажувате нивната култура и сувереност кои ги имаат со векови наназад.
Да се вратиме на нашиот дел: ромскиот јазик и неговото говорење, односно влијанието во заедницата и надвор од неа.
Континуитетот на ромската култура се развива од деценија во деценија, опфаќајќи низа промени во одредени елементи специфични за нас, а се разбира нејзин зависен фактор на влијание сме ние:
1. Го зборуваш или НЕ ромскиот јазик како приоритетен елемент за идентификување со заедницата?
2. Живееш на специфичен начин, РОМСКИ, различен од средината во која се наоѓаш?
3. Ги почитуваш или НЕ традиционалните (конзервативни) вредности: религија, семејство и сл.
Ние сме само една од многуте генерации која ги добила тој јазик и таа култура и според логиката на нештата СМЕ ДОЛЖНИ да го пренесеме на тие што се после нас.
БИ СЕ ПРОДОЛЖИЛ ЛИ ТОЈ КОНТИНУИТЕТ ШТО СИТЕ НАС НÈ ДРЖИ И НÈ ПРАВИ ПОРАЗЛИЧНИ ОД ДРУГИТЕ ?
Тешко! Доколку самите не си го зборуваме нашиот мајчин јазик, постои можност тој континуитет да се прекине. Тоа што не го познаваме својот мајчин јазик е наш личен неуспех, а секако со тоа и на заедницата во целост. Јас лично, Сунај Исмаил, сум горд на тоа што го носам во себе со самото доаѓање на овој свет.
Не сме Французи затоа што немаме матична држава како нив, но тоа не значи дека немаме јазик и култура. Со самото неговорење на својот мајчин јазик во семејството и во средината помеѓу припадниците на иста етничка група не се почитуваат идентитетот на нацијата како и луѓето кои во минатото ги вложија својот труд и својот живот за нејзиното созадавање.
Според мене говорењето на ромскиот јазик е фактор за припадност во заедницата. Тоа нè прави да бидеме посебни и уникатни.
ШТО ЌЕ СЕ СЛУЧИ АКО ПОГОЛЕМИОТ БРОЈ РОМИ НЕ СИ ГО ЗНААТ ЈАЗИКОТ?
Постои интенција да се изгуби националниот идентитет кој е толку кревок и осетлив на многу флуктуации, намерни или ненамерни, предизвикани од другите идентитети кои во последниве години имаат големо влијание врз нашава култура и нашиов јазик.
Сметам дека всушност тоа е и самиот проблем: ПОИСТОВЕТУВАЊЕТО со другите национални општества (македонски, албански, турски) и тука се губи таа корелација во односот јазик V.S. национална припадност.
Сам сум незадоволен за себе, но доколку ми помогнете, се разбира, ќе го надополнам својот недостатокот – ДА ЗНАМ РОМСКИ ЈАЗИК.
Сметам дека тоа ќе се случи поскоро и се надеваме на помош од Ромаверзитас со тоа што ќе организира курсеви на ромски јазик и тие што ќе го научат да кажат: „ME SIKLULUM TE KERAV ROMANE LAFI“.
Сунај Исмаил, студент на Правен факултет
No comments:
Post a Comment
Овде можете да го дадете своето мислење за нашиот блог. Ви благодариме.