Šemšeko e lulugjakoro
Хасан Асан е роден 1983 година во Скопје. Апсолвент е на филозофскиот факлутет на институтот за Историја со Архивистика. Во 2001 ја има објавено збирката поезија "Дијаманти" а втората збирка "Искра на цветот" се објавува во 2008 година. Тоа се негови песни на ромски јазик со напореден македонски препев.
Искрата низ премежјата
За поетот на „Искра на цветот“ е младоста со својот силен стремеж да се вивне во сиот простор на животот, за да ги восприеми тајните на мудроста која Земјата ги има во неа...Овие стихови, оваа потрга по Искрата на животот, бликнуваат од изворот на ова напојување кое е дел од благодарната нишка на нашата човечка древност...
Напишаното
Напишаното се оствари.
Само потрагата
остана недовршена.
Само испуштената Искра остана да скита.
Само добрабиот збор
Остана во грутка.
Босилекот
Босилекот процвета.
Босите заминаа.
Белегзиите останаа закачени на вратата од утрото.
Бараниот го нема.
Која е вистината на Искрата на цветот?
И квечерината
И квечерината
со згаснат фитил во времето со тебе
ги брои ластунките!
Новото разденување е прашање на елоквентноста
на семето во него.
Ја корнат
И ветровите,
и духовите,
и луѓето,
и дождовите,
и сонцето,
и денот,
и ноќта со ордии
Ја корнат семката на разденувањето
на розата, на животот!
Прашањето
Прашањето на дивите
е солуција
како постапил Животот
кога на улица се симнаа
питомите?
И парталите
И парталите
Полагаат право на живот,
ако се фрлени крај реката
со пиралка ги перам,
со тегот на разденувањето ги сушам.
Што друго да се прави?
И парталите
полагаат право на живот!
Во браздите на сонот е
се сади семето на времото,
во браздта на гнездото
се прави постојаното,
во браздата на животот,
тече водата на сонот!
No comments:
Post a Comment
Овде можете да го дадете своето мислење за нашиот блог. Ви благодариме.