Ромите се рамноправни граѓани пред Уставот и законите на Република Македонија.
Според Уставот на РМ, на 13 Август 2001 година е потпишан Рамковен договор, документ кој има за цел да спроведува децентрализирана власт, од национално на локално ниво; недискриминација и правична застапеност на припадниците на етничките заедници кои живеат во земјава; подобрување на нивното образование и употреба на мајчиниот јазик на немнозинските етнички заедници.
Рамковниот договор е составен од три анекси: Анекс А – Уставни амандмани, Анекс Б – измени во законодавство и Анекс Ц- имплементација и мерки за градење на доверба.
Ние ќе се задржиме на оние делови од Рамковниот договор кои се важни за развојот односно унапредувањето на Ромската популација. Тоа се: недискриминација и правична застапеност на Ромите, образование и употреба на јазиците и слободно изразување на идентитетот. Кај недискриминацијата и правичната застапеност, целосно ќе се почитува принципот на недискриминација и рамноправен третман на сите лица пред законот. Овој принцип особено ќе се применува во однос на вработувањата во јавната администрација и јавните претпријатија, како и кај пристапот до јавното финансирање за равојот на деловните активности. Во законите со кои се регулираат вработувањата во јавната администрација, ќе бидат содржани мерки со кои ќе се обезбеди правична застапеност на заедниците во сите централни и локални јавни тела и на сите нивоа на вработување во тие тела, истовремено почитувајќи ги правилата за компетентност и интегритет според кој се раководи јавната администрација. Властите ќе преземат активности за да ја корегираат постоечката неврамнотеженост во составот на јавната администрација, особено преку вработување припадници на заедниците со недоволна застапеност. Особено внимание ќе се посвети на тоа да се обезбеди, колку е можно побрзо, полициските служби генерално да го одразат составот и распределбата на населението во Македонија, како што е специфицирано во Анекс Ц.
Јас се прашувам а сигурно и вие исто колку од оваа се спроведува за Ромите односно колку од целокупната администрација се вработени Роми и колку Ромите се недискриминирани? Воопшто овој дел од Рамковниот договор не се почитува кон припадниците од Ромската етничка заедница. Во однос на основното и средното образование, наставата ќе се изведува на мајчините јазици на учениците, а истовремено во цела Македонија ќе се применуваат унифицирани стандарди за академските програми. Финансирање од страна на државата ќе се обезбеди за високо образование на јазиците на кои што зборуваат најмалку 20 проценти од населението во Македонија, а врз основа на посебни спогодби. При уписот на државните универзитети на нови студенти, кои припаѓаат на заедници кои не се мнозинско население во Македонија, ќе се применува принципот на позитивна дискриминација се додека уписот правично не го одрази составот на населението во Македонија. Токму тука односно при уписот на Ромските студенти во државните универзитети сите ние сме сведоции што се случува со самите нас. Како другите кои не се припадници на Ромската етничка заедница ни ги намалуваат и превземаат местата.
Во однос на симболите, непосредно до симболот на Република Македонија, локалните власти ќе ја имаат слободата на предната страна од локалните јавни објекти да постават симболи со кои се обележува идентитетот на заедницата која што е во мнозинство во општината, со почитување на меѓународните правила и примени.
Овде само симболите на идентитет на Ромската популација се применуваа во локалната самоуправа односно општина како ние си ја викаме, единствена Ромска општина Шуто Оризари. И само тука и на ниедно друго место немаме симболи и обележја каде што другите ќе не препознаваат. Да се надеваме дека работите ќе се подобрат кон самите нас, затоа што надеж никогаш не се губи и ако само чекаме работите да тргнат на подобро а ништо да не превземеме ништо и нема да се подобри.
Фахри Сали
Дипломиран Правник
No comments:
Post a Comment
Овде можете да го дадете своето мислење за нашиот блог. Ви благодариме.