По завршувањето на воениот конфликтот во 2001 година „завојуваните“ страни пристапија кон помирување кое што беше спроведено со посредништво на НАТО алијансата како и Европската унија. Во тоа време најголемите политички партии во Македонското плурално општество: СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДПА, ПДП како преставници на поширокиот Македонски и Албанански електорат, во Охрид 2001 година се потпиша Охридскиот рамковен договор, којшто претставува темел на мултиетничкиот карактер на поновата историја на Р.Македонија.
Оваа година е многу важна за република Македонија бидејки овој Уставен договор преставува една многу важна рамка која што им дава подобра позиција на помалите етнички заедници во современото Македонско општество. Овој уставен договор преставува сакале или не основа за повеќе можности на целокупната Ромска заедница, од фактот дека во општините каде што се над 20% можат да учат на својот мајчин јазик да го истакнуваат Ромското знаме да вадат документи на својот мајчин јазик како и правична процентуална застапеност во институциите на системот на Р.Македонија.
Во 2002 год беше направен пописот на целата територија на државата по етничка припадност , пол , образование итн. На овие пописи за жал, Ромска заедница не ја доби очекуваната бројка која што реално се очекуваше. Крајната бројка од овој попис процентуално изнесуваше 2.63 % во однос на вкупниот број на жители во нашата држава. Ние Ромите повикувајки се на оваа бројка колку толку имаме загарантирани места кои што ни ги гарантира Уставниот договор односно преамбулата на Македонскиот Устав која што секогаш се наоѓа на почетокот на еден Устав и го покажува етничкиот, културниот и уредувачкиот карактер на државата.
Од 2001 па се до денес, фактите зборуваат дека овој рамковен договор во суштина функционира, меѓутоа во корист на политичките флуктуирања во државата и служи за задоволување на интересите на политичките партии. Моите аргументи за уредувањето на нашата држава кажуваат дека Македонија е бинационална држава. Ова го тврдам бидејки двата мнозински народи се однесуваат како креирачи и на судбината на помалите етнички заедници, иако Охридскиот рамковен договор јасно ги поставил границите на функционирањето на нашиот политички систем.
Извештаите на Европската комисија говорат дека Ромите се сеуште на маргините во Македонското општество и со селективната политика на владата не многу помага за подобро утре на Ромите. Како болна точка на Рамковниот договор кој сега служи за покривање на политичките пазари, е Македонската администрација. Што се однесува до неа последователно од добивањето на кандидатскиот статус на Р.Македонија за кандидат за полноправно членство во Европското семејство во 2005 па се до денес, во сите извештаи на Европската комисија стои дека Македонската администрација е пренатрупана и некомпетентна. Ромите речиси да не постојат во институциите на системот односно во администрацијата од нашите 2.63% само 0,4 % се вработени, тоа е реалноста тоа значи дека според рамковниот договор Роми треба да бидат преку 2500, што во моментов тоа преставува научна фантастика која што извршната власт е должна да ја спроведе како би ги почитувала одредбите од рамковниот договор.
Почитувани, овие бројки ни покажуваат дека има сеуште широко поле кое треба да се обработува од нашите Ромски политичари кои треба да се залагаат да се почитува задолжителната бројка на Роми во институциите на системот, како и да комплетно го застапуваат Ромското прашање, како би обезбедиле подобро утре за сите Роми во Р.Македонија.
Елвис Фазлиоски, Дипломиран Правник
No comments:
Post a Comment
Овде можете да го дадете своето мислење за нашиот блог. Ви благодариме.