Истражувачите предвидуваат дека температурата ќе се зголеми околу 2 до 10 степени Фаранхајтови до крајот на 21. век. Но уште понесигурно е што значи ова за Земјата? Пожарите ќе бидат честа појава. Почесто појавување торнада, цунами кои ќе бидат со посилен интензитет. Ќе се уништува животинскиот и растителниот свет...
За 2,5 милиони години климата на Земјата се променила, кружејќи од ледени ери, па сè до потопли периоди. Но во последниов век температурите на Земјата пораснале неверојатно брзо. Научниците сметаат дека тоа е последица од човечката активност со која се покачуваат температурите, позната под името глобално затоплување. Откако започна индустриската револуција, фабриките, електричните централи и конечно автомобилите преработиле големи количества фосилни горива, како што е нафтата, со што се испуштиле големи количества јаглерод диоксид и други гасови во атмосферата. Овие гасови на стаклената градина ја заробуваат топлината на Земјата во природно настанатиот процес кој се нарекува ефект на стаклената градина. Ефектот на стаклената градина започнува со Сонцето и енергијата што ја зрачи на Земјата. Земјата и атмосферата апсорбираат дел од оваа енергија, додека остатокот се враќа назад во Вселената.
Важноста на стаклената градина
Ефектот на стаклената градина е многу важен за животот на планетава. Без него Земјата не би била доволно топла за да може на неа да се живее. Средната температура на површината на Земјата денес е околу 15 Cº, а доколку не би бил ефектот на стаклената градина, средната температура на земјината површина би била околу минус 18 Cº, поради што не би имало живот на планетава. Затоа луѓето во минатото сметале дека овој ефект е многу важен за Земјата.
Но никој не претпоставил дека овој ефект може да биде и опасен, доколку присуството на гасовите на стаклената градина се зголеми. А поголемото присуство на гасовите на стаклената градина во атмосферата доведува до т.н. засилен ефект на стаклената градина, што веќе станува опасност за животот на нашава планета. Дури и малите покачувања на температурата можат да бидат опасни, не само за човекот, туку и за сите други живи организми. Овој ефект првпат бил откриен од Џозеф Фуриер во 1824 година.
Последици: Најпрвин би се зголемил бројот на плажите, а некои земји ќе имаат многу потопла клима. Климата ќе биде разновидна, од медитеранска клима во летните периоди, па сè до сибирски студови во зимата. Со потоплата клима жешките земји, како во Африка, ќе станат неиздржливи за живот. Ќе се формираат повеќе пустини поради недостиг на вода. Животните и растенијата кои бараат поладна клима ќе исчезнат. Многу од замрзнатите површини од Арктикот и од Антарктикот ќе се одмрзнат, а тоа ќе доведе до подигнување на нивото на водата. Пожарите ќе бидат честа појава. Исто така ќе дојде до сè поголемо појавување на торнада, цунами, кои ќе бидат со посилен интензитет итн.
Сè додека индустријализираната нација употребува енергија и земјите во развој ја зголемуваат потрошувачката на фосилните горива, концентрацијата на гасовите на стаклената градина ќе продолжи да се зголемува.
Некои модели за климата предвидуваат мали промени. Нивото на морињата ќе се зголеми и со тоа ќе бидат поплавени различни региони во светот. Климатските модели ќе се променат, и тоа ќе доведе до почесто појавување на ураганите. Жестоки суши ќе бидат почести во потоплите региони. Животните неспособни да се адаптираат на променливите услови ќе се соочат со исчезнување.
Што да преземеме: Иако уште треба да се научи за глобалното затоплување, многу организации го намалуваат и испуштањето на гасовите за да ги намалат влијанието на глобалното затоплување и ефектот на стаклената градина.
Дали треба да се грижиме за глобалното затоплување и за засилениот ефект на стаклената градина? Одговорот е секако, ДА. Мора да сториме нешто за да ги намалиме гасовите на стаклената градина, да не ги произведуваме. Ова можеме да го постигнеме со:
o помало користење на превозните средства,
o садење нови дрвца,
o рационално користење на енергијата,
o рационална употреба на водата итн.
Себијан ФЕЈЗУЛА, студент на Филозофски факултет
No comments:
Post a Comment
Овде можете да го дадете своето мислење за нашиот блог. Ви благодариме.