Луѓето го употребуваат терминот Европа повеќе илјади години, но неговото културолошко ми географско значење и натаму е нејасно. Оваа неодреденост е последица од тоа то границите на Еропа со Азија, Русија и Турција се дел од Европа и Азија. Меѓутоа општо е мислењето дека Европа опфаќа 44 држави чии народи и етнички групи се сметаат за составен дел на Европа.
Културното наследство на Европа е создадено со масовното населување на народите, прво од југозападна Азија а потоа од јужна и источна Азија, Африка и Карипските острови.
Регион
Европа се протега од Африка на север до Средоземното море на југ, и од Атлантскиот океан на запад до планината Урал и Каспиското Море на исток.
Миграции и населувања
Од сите народи кои се населувале во Европа во текот на големите миграции, најлијателни биле наездите на Индоевропејците. Од нив подоцна се развиле Келтите, Грците, романските и германските народи и Словените. Нивните преселби траеле се до средниот век.
Племиња и нации
Европа е необична по тоа што границите на државите главно опфаќаат територии населени со мнозинска етничка група. Оваа особеност е последица на тоа што се создале некои од првите национални држави, како Португалија, Франција и Англија. Овие држави имале единствена управа која настојувала во своите граници да ги опфати сите припадници на народот со ист јазик и култура. Со таквото дејствување е создадена италијанската и француската нација, а разединетите градови-држави и покраините на Римското Царство потпаднале под пруска власт од што подоцна била создадена Германија. Овој образец потешко можел да се примени на места како етнички измешаниот Балкан, бидејќи тамошните словенски народи биле длабоко меѓусебно поделени врз верски и културни основи. Австро-Унгарија, Југославија и источниот блок (сојуз на источноевропските држави под водство на Советскиот Сојуз) се разединија по неуспешниот обид да се надминат таквите разлики. Во некои региони, меѓу соседните држави со слична култура, постои голема нетрпеливост како на пример меѓу Србија и Хрватска. Јакнењето на државите и јакнњето на териториите доведе до создавање малцински народи, како Келтите во В.Британија и Франција. Баскијците во Северна Шпанија, раштрканите народи на Балканот и многу неруски народи во границите на Русија. Многу од овие одвоени групи бараат автономија во рамките на матичните држави, во некои случаи дури и со употреба на оружје. Меѓутоа, постојат и малцински народи во Европа како Лужичките Срби и Баварците кои успеаа на мирољубив начин да опстанат и да го зачуваат својот етнички идентитет во рамките на државите во кои живеат.
Спорно прашање
Промени
Нови нации
И покрај тоа што во европските држави се повеќе се обединуваат во европската унија, некои од нејзините народи се повеќе ја изразуваат својата посебност и независност, како Келтите во Британија и Франција и Баскијците во Шпанија. Шкотите дури го обновија својот парламент кој во 1990 година го одржа првото заседание.
No comments:
Post a Comment
Овде можете да го дадете своето мислење за нашиот блог. Ви благодариме.