Летната школа 2009 година организирана и реализирана од Ромаверзитас/ФИООМ, финансирана од УСАИД, се одржа во периодот од 21 до 25 јули 2009 година во Охрид (хотел „Белведере“) со вкупно 22 учесници (10 женски и 12 машки). Програмата се спроведуваше преку тренинг-работилници кои претходно беа предложени од студентите: Активно граѓанство, Јавно застапување и лобирање, Јавно говорење и дебата. Тимот на Ромаверзитас заедно со тренерите (Лазар Ѓуров и Ана Бојаџиевска) одлучи сите теми на работилниците да ги стави под еден наслов, кој претставуваше водич и цел на Летната школа:
Самиот назив Летна школа 2009 за тебе, ти што во моментов ме читаш, драг колега, може да е обичен наслов и ништо да не ти значи, а можеби веќе допре до најдобрите спомени од оваа година!!!
Ако не си присуствувал/а, а сакаш да дознаеш повеќе за петте незаборавни дена поминати со студентите Роми кои во студиите покажаа најдобар успех во изминатата 2008 /2009 година, слободно продолжи со читањето.
Еден од најдобрите тренери според студентите на Ромаверзитас, Лазар Ѓуров, како и тренери од Младинскиот образовен форум (МОФ), им ги понудија своите услуги за стекнување вештини за една многу важна тема: Јавно застапување и дебатирање... Хммммм многу официјално. Ама мислам дека е добро да почнам од самиот почеток…
Се започна во тој убав сончев ден кога избраните „дечки“ кои беа дел од школата, од различни градови од нашава мила државичка се упатија кон улицата Мирче Мацан бр 26. Се собраа пред Ромаверзитас. Точно во 10 часот и 17 минути тргнаа за Охрид. Автобусот полн со енергија, убаво време, добар возач, одлично расположение по патот... што значи – прекрасно возење. Многу музика, смеење, дружење...
Сакаш уште повеќе да дознаеш, те заинтересирав?
Добро, тогаш за другиот дел од овој приказ ќе се потрудат самите студенти. Зборот им го препуштам на учесниците на Летната школа кои го кажуваат следново:
• Бев меѓу тие 22 учесници. Тренерот Лазар, како и другите тренери, Ане и Пепи, „нè наполнија“ со информации и тоа на интересен начин! Сè беше „топ“, секој миг минуваше незаборавно! Се разделивме малку тажно, но со ветување дека ќе се сретнеме повторно! Летните школи се меѓу најдобрите работи кои може да ги доживее еден студент. Многу добро поминато квалитетно време. САМО НАПРЕД!!!
• Стигнавме во хотелот, се сместивме. Некако се адаптиравме и почнавме да уживаме во убавините на прекрасното Охридско Езеро. На обуката од Лазар Ѓуров се почувствувавме самите себеси, а јас лично се ПРОМЕНИВ. Ќе остане во мојот живот ЛЕТНАТА ШКОЛА 2009 година!!!
• Си поминав одлично. Запознав многу нови луѓе. Научив многу нови работи. Научив и како да ги применам во проектот што планирам да го добијам во иднина, како и во проектот што го работам со групата од Летната школа.
• Јас како студент Ром се пријавив на Летната школа од едноставна причина, да уживам на плажа, да пливам во Охридското Езеро... Хехе... Но не било само тоа. Летната школа ме смени на позитивен начин. Научив многу работи, па ако почнам да набројувам ќе ми одземе најмалку еден саат. Сепак ќе ја издвојам најважната, научив како да се почитувам себеси.
• За мене најважно беше да присуствувам на Летната школа за да се социјализирам со ромските студенти, да уживам во убавините на хотелот и во самото Охридско Езеро. Мило ми е што најдов истомисленици како мене за време на Летната школа. Многу убави моменти, многу нови научени работи. Дефинитивно најдобра Летна школа на која сум бил.
• Ова ми беше трета Летна школа по ред. Може слободно да кажам дека беше најдобра, бидејќи освен што имаше одлично дружење меѓу студентите имаше и многу добра организација од Ромаверзитас.
Е сега ја земам диригентската палка од самите учесници и продолжувам јас. Студентите ги опишаа повеќе од работите кои им се случуваа на Летната школа, така што за мене остана да кажам за последниот ден... денот кога се спакувавме и кога тргнавме накај автобусот, кога на самиот излез од хотелот нè пречека прекрасна музика од пијаното, нè сплоти сите нас, ги сплоти нашите грла... Песни... Емоциии... Ахх, многу добро чувство, нека остане во нас!!!
Еве едне од накористените вежби за загревање
И за крај химната на Летната школа 2009... Музика ... .старт
ООООО, МАЈ ДИЛИ !!!
А МИСИ МИСИ МАСА!!!
А БУГИ БУГИ БУГИ !!!
О АЛОЕ АЛОЕ АЛОА!!!
По извичникот слободно запеј си.
ТИ НАПРАВИ ЈА ПРОМЕНАТА!
Ерхан ШАБАН,
студент на Стоматолошкиот факултет
No comments:
Post a Comment
Овде можете да го дадете своето мислење за нашиот блог. Ви благодариме.